Професорката Биљана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Најголемиот и најстар универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“, доби нов ректор, а тоа е професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт.

Таа беше избрана на денешното гласање од вкупно 6 кандидати, а право на глас имаа 1.419 професори, доценти и студенти.

Ангелова ќе го замени досегашниот ректор Никола Јанкуловски, кој истера два мандата на чело на УКИМ. Воедно, таа е втората жена ректор на УКИМ по д-р Радмила Кипријанова, која беше на чело на оваа установа во периодот 1995-1998 година.

Ректоратот на УКИМ постои од самото формирање на Универзитетот во 1949 година, кога за прв ректор беше избран Кирил Миљовски.

Професорката Ангелова е родена во Скопје. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет. Во Економскиот институт работи од 1992 година, а во 2007 година прв пат беше избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловните финансии. Од јуни 2016 година до сега беше проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ. Во овој период беше и претседателка на комисиите за финансии и за издавачка дејност на Универзитетот.

Тагови
реклама

Македонија

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Read more

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе