Привршува реконструкцијата на булеварот „Крсте Мисирков“

Град Скопје веќе е на крај со реконструирањето на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит-пазар, едно од најпрометните места во главниот град.

Од денеска до 08:30 часот утре едната насока од булеварот е целосно затворена за сообраќај и тоа од крстосницата со булевар „Гоце Делчев“ кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар.

Фото: Град Скопје