Хроника

Приведени шестмина за поседување марихуана, меѓу кои и малолетници

10. септември 2019 - 11:36 | МИА

Скопје, 10 септември 2019 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден полициски службеници привеле шест лица на територијата на град Скопје поради поседување на марихуана. Четворица од нив се малолетници.

Најпрво околу 40 минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Веле Марков“ кај Т.Д. (19) и 16-годишна малолетничка од Скопје пронашле марихуана.

Останатите два случаја биле регистрирани наредната вечер. Во Градскиот парк кај тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години е пронајдена марихуана, додека на ул. „Босна и Херцеговина“ бил приведен А.М. (28) затоа што при извршен преглед и кај него била пронајдена марихуана.

Се работи на расчистување на сите случаи по што ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.