Хроника

Приведени повеќе лица за поседување дрога, меѓу кои и двајца малолетници

8. септември 2019 - 12:14 | МИА

Скопје, 8 септември 2019 (МИА) – На 07.09.2019 во 23,15 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Самоилова“ го лишиле од слобода Љ.И.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(42) и Ф.П.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.08.2019 на улица „Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(24) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31.08.2019 на ул.„Никола Тесла“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес на А.М., при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Џ.(33) и К.А.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.08.2018 на улица „Ленинова“ во Струмица полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, а при преглед на Т.Т. од Струмица пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот. По преземени мерки било утврдено дека истиот ден во Струмица второпријавениот го купил кокаинот од првопријавениот.

На 08.09.2019 во 01,00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.