Штип, 17 октомври 2019 (МИА) – Триесетгодишниот Д.С. од Кочани го извршил убиството врз неговиот 55-годишен татко В.С. во семејната куќа во кочанската населба Усова чешма.
Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека пријавениот кривичното дело го извршил на 30 септември околу 5 часот во семејниот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите, а нападнатиот по кратко време починал од здобиените повреди. Претходно, 30-годишниот Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка, 46-годишната Н.С.
-Одделението за криминалистичка полиција на СВР Штип и надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кочани во содејство со Секторот за општ и насилен криминал, единица за крвни и секусални деликти при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, рече Панајотова.
Д.С.е приведен во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена.