Пристојна мечка која им го возвраќа поздравот на луѓето кои ѝ мавтаат

Средбите со диви животни се секогаш интересни, особено кога ќе се случи некаква интеракција меѓу луѓето и животните.

Од видео објавено на YouTube, направено во парк во Вашингтон, се гледа како една мечка им го возвраќа поздравот на луѓето кои ѝ мавтаат. Додека ги снимале животните, луѓето се доближиле до мечка на која ѝ мавнале со рацете, а се гледа како мечката ги отпоздравува и се насмевнува. Видеото со љубезната мечка стана вирално на Instagram.