Претпразнична диета: Изгубете 5 килограми за една недела

Ни претстојат новогодишните и божикните празници и сакаме да ги дочекаме во топ форма и да изгледаме одлично.

Иако здравиот начин на живот, што подразбира редовна здрава исхрана и физичка активност, треба да биде усвоен и да се применува секојдневно, ако изминатиов период сте ставиле некој килограм повеќе, има начин да го симнете тој вишок килограми за краток веременски период.

Треба да имате на ум дека оваа диета не треба да биде редовен начин на исхрана и како и сите други строги режими на исхрана не треба да ја применувате често.

Диетата ја има составено Едвард Хапер, нутриционист, консултант и блогер за здравје.

Идејата му била да состави режим на исхрана со кој нема да се изгладнува, а се внесуваат витамини и хранливи состојки.

Следете го овој план на исхрана и ќе изгубите 2,5 до 5 килограми за една недела. Не само што ќе изгубите неколку килограми, туку овој план на исхрана ќе ви помогне да го прочистите организмот, да го подобрите варењето и да ја исчистите кожата.

Ден 1: Јадете само овошје со мал процент на шеќер. Бананите се забранети! Изберете јаболка, калинки, портокали, лимони, мандарини, клементини... испијте 12 чаши вода.

Ден 2: Јадете само зеленчук. Почнете го денот со варен компир. Јадете какви било салати со зеленчук, без месо, сирење, тестенини и сосови. Испијте 12 чаши вода.

Ден 3: Третиот ден може да јадете и овошје и зеленчук, без банани и без компир. Испијте 12 чаши вода.

Ден 4: Изедете осум банани во текот на денот. Направете и изедете домашна супа со зеленчук. Напијте се три чаши млеко и 12 чаши вода.

Ден 5: Изедете шест мали домати и една порција варен ориз. Може да јадете супа со зеленчук, јаболка, портокали и грејпфрут. Напијте се најмалку 10 чаши вода.

Ден 6: Изедете една порција ориз. Може да јадете супа со зеленчук три пати, напијте се најмалку 12 чаши вода.

Ден 7: Изедете една порција ориз. Може да јадете супа од зеленчук и салата со зеленчук. Напијте се најмалку 10 чаши вода, и по желба природен овошен сок.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе