Премногу политичка: Забранета реклама која стана хит на интернет

Емитувањето на божиќна реклама, која укажува на последиците од производството на палмино масло, е забрането во Велика Британија бидејќи е премногу политичка, пишува Guardian.

Британската компанија Iceland во своите продажни центри забрани продажба на палмино масло, а причината за тоа е големото загадување на животната средина. Тој проблем е ефективно прикажан во реклама зад која всушност стои Гринпис.

Откако се прочу дека е забранета, корисниците на социјалните мрежи ја споделуваат рекламата, која стана хит на интернет.