Пред 50 години е направен првиот повик од мобилен, тогаш биле потполно различни

На 3 април 1973 година Марти Купер застанал на аголот на „Шестата авенија“ во Њујорк и искуцал број во голема направа со крем боја и ја ставил на уво додека минувачите гледале во него.

Купер, инженер во Motorola, му се јавил на колегата од ривалската компанија Bell Laboratories за триумфално да му каже дека се јавува од „личен, рачен, пренослив мобилен телефон“. Се сеќава на тишината на крајот од линијата.

„Мислам дека чкрташе со забите“, се присети сега 94-годишниот Купер во интервју за BBC.

Bell Laboratories наместо тоа се фокусирале на развој на телефони за автомобили, вели тој.

„Можете ли да верувате? Значи, бевме заробени во нашите домови и канцеларии од уреди со бакарна жица повеќе од 100 години, а сега ќе нѐ заробат во нашите автомобили!“.

Основите за тоа како функционирал првиот повик не се променија многу. Телефонот го претвора вашиот глас во електричен сигнал, кој го модулира радио бранот. Радио бранот оди до репетиторот; репетиторот го испраќа вашиот глас до лицето што го повикувате, а во обратен процес, таа личност може да ве слушне како зборувате.

Само што тогаш немаше многу репетитори. Денешните мобилни телефони, сепак, се непрепознатливи во споредба со тој ран модел на Motorola.

Комерцијалната верзија на прототипот на Марти Купер, Motorola Dynatac 8000X, беше пуштена во продажба 11 години по првиот повик, во 1984 година. Чинела денешни 11.700 долари за купување, вели Бен Вуд, кој раководи со Музејот на мобилни телефони.

„Во суштина, можете само да бирате број и да се јавите. Немаше пораки, немаше камера. Триесет минути разговор, 10 часа за полнење на батеријата, околу 12 часа мирување и антена од 6,15 сантиметри на врвот“, објаснува г-дин Вуд.

Воедно, тежел 790 грама, речиси четири пати повеќе од тежината на iPhone 14 со неговите 172 грама.

Сепак, Купер воопшто не е импресиониран од дизајнот на модерните мобилни телефони, иако признава дека никогаш не предвидел дека телефоните еден ден ќе бидат рачни „суперкомпјутери“, со камери и пристап до интернет.

Тој верува дека во иднина вештачката интелигенција или ќе креира или ќе избира апликации за сопствениците на телефони, во зависност од нивните индивидуални потреби. Исто така верува дека еден ден уред ќе го следи нашето здравје, ќе ја зголеми нашата продуктивност и неизмерно ќе ни го подобри животот.

И покрај неговите поплаки за неговите модерни копии, се чини, тајно, г-дин Купер останува фасциниран од уредот што прв пат му го фати увото на тој агол од улицата во Њујорк пред 50 години.

„Сѐ уште сме на самиот почеток на револуцијата на мобилните телефони“, заклучи Купер.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе