Љубов и секс

Практични совети кои ќе ви помогнат да останете во среќна и стабилна врска

5. ноември 2019 - 18:10 | М.С.

Многу луѓе сакаат да останат со една личност до крајот на животот. Веруваат во среќна врска и среќен крај. Проблемите можат да се избегнат доколку и двајцата партнери се трудат подеднакво. Како да останете во среќна и стабилна врска?

Секогаш имајте го на ум заедничкиот сон

Заедничкиот сон е важен за врската. Размислете да заштедите пари за омиленото патување или да купите нов автомобил. Можеби имате сон да го реновирате станот или да излегувате почесто со пријателите. Со заедничките соништа секогаш ќе бидете позитивни и среќни.

Запомнете ги желбите на својот партнер

Доколку заборавате што вашиот партнер сака за роденденот, запишувајте ги неговите желби. Кога ќе ви каже дека нешто му се допаѓа, доколку сака да гледа некој нов филм или да купи нови патики, запомнете го тоа. Кога ќе дојде време за роденденот, ќе се израдува дека сте се сетиле на она што го сака.

Планирајте мали изненадувања

По некој период, љубовта станува навика. Тоа не значи дека не го сакате партнерот ниту дека не сте вљубени како на почетокот. Но, во љубовта се вложува секојдневно. Изненадете го со омилениот десерт, подгответе топла купка. Едноставно, уживајте заедно.

Прекинете ја расправијата на време

Доколку се расправате и чувствувате дека работите излегуваат од контрола, тогаш одете во различна соба на дваесет минути. Ова ќе ви даде малку време за да се смирите и уште поважно, да размислите за ситуацијата што се случила. По дваесет минути, обидете се да го решите проблемот на мирен начин.

Работете заедно

Работете заедно, без разлика дали станува збор за уредување на некој простор, некој работен проект или бојадисување на влезната врата. Важно е да соработувате заедно.

Прегрнувајте се

Човечкиот допир е толку моќен што може да искаже љубов без ниту еден збор. Прегратката ослободува окситоцин, познат како хормонот на љубов. Овој хормон прави да се чувствувате среќно, сигурно и сакано. Прегнувајте се во секој слободен момент.