Концепти

Половина болид, половина вселенски брод: Дали Bloodhound ќе стане рекордер?

7. ноември 2019 - 20:09 | А.С.

Bloodhound е половина тркачки болид, половина вселенски брод, а британскиот тим што стои зад него се надева дека по долгата и макотрпна работа, ова ќе биде најбрзиот автомобил на светот.

Суперавтомобилот вчера постигна брзина од 501 милја на час (806,2 км/ч) на тестирањата изведени во Јужна Африка.

Сепак, на тимот му претстои уште најмалку една година тестирања пред да се обиде со Bloodhound да го сруши светскиот рекорд за брзина по копнено  возило – 763 милји на час (1.228 км/ч).

Очекувањата на британскиот тим се дека имаат „ѕверка“ што ќе понуди брзина и над тоа – се надеваат дека Bloodhound ќе достигне брзина од 1.000 милји на час.

Човекот кој го вози суперавтомобилот Bloodhound, пилотот Енди Грин, за BBC објаснува како функционира автомобилот и какво е чувството да го возите.