Хроника

Полицајци уапсија квотербек мислејќи дека изметот на колата му е кокаин

14. август 2019 - 14:50 | Ф.З.

Американски полицајци се избламираа откако измет од птици го помешаа со кокаин при што уапсија играч на американски фудбал.

Полицајците запреле возило поради прекорачување на брзината, но вниманието им го привлекла белата супстанца на хаубата на автомобилот. Настанот се случил во градот Савана во сојузната држава Џорџија.

Решиле супстанцата да ја тестираат за кокаин при што тестот испаднал позитивен, дури и при вториот обид, по што го уапсиле возачот Шеј Вертс, квотербек на тимот на Џорџија Саутерн Јуниверсити.

Подоцна се востановило дека супстанцата е измет од птици, како што и упорно тврдел Вертс.