Погледнете ја паниката на водителите во текот на земјотресот во Калифорнија

Земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер во петокот вечерта ја погоди Калифорнија. Луѓето беа изненадени од силниот земјотрес, а во една емисија е снимена исплашената и панична реакција на водителите на CBS студио, додека водеа емисија во живо.

Како што потресот станува посилен така водителката посилно го стега за рака колегата, за да на крајот се засолнат под бирото.