Оскаровецот Расел Кроу глуми во претстојниот хорор-трилер The Exorcism, во режија на Џошуа Џон Милер, син на актерот Џејсон Милер.
Џејсон Милер се прослави со улогата во The Exorcist од 1973 година. Сценариото за филмот го напишаа Милер и М.А. Фортин.
Во филмот Кроу го играше проблематичниот актер Ентони Милер, кој полека почнува да го губи разумот за време на снимањето на неговиот најнов хорор филм. Неговата ќерка Ли не е сигурна дали Милер им се вратил на зависностите или дали е под влијание на злите сили од проколнатиот филмски сет.
Актерската екипа на филмот ја сочинуваат Рајан Симпкинс, Сем Вортингтон, Клои Бејли, Адам Голдберг и Дејвид Хајд Пирс.
The Exorcism пристигнува во кината на 7 јуни 2024 година.