Поглед во тјунираниот кабриолет BMW Z4 M40i

Германската компанија за тјунирање AC Schnitzer покажа што подготви за BMW Z4 M40i.

BMW Z4 M40i на европскиот пазар го придвижува 3,0- литарски мотор кој развива 340 коњски сили, а оние кои сакаат поголема моќност може да се обратат на експертите во Schnitzer кои можат да ја зголемат силата на 400 коњски сили. Во тој случај, максималниот вртежен момент расте од 500 на 600 Nm.

За да изгледот ја следи моќноста, AC Schnitzer за Z4 подготви агресивен body kit кој влучува сплитер за преден браник и дводелен заден спојлер. Кабриолетот ќе биде понизок за 25 милиметри.

Компанијата за тјунирање има програм за сопствениците на моделите 30i и 40i и нуди повеќе сила во однос на фабричките 258 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент, односно 197 коњски сили и 320 Nm максимален вртежен момент.

Има и некои промени во внатрешноста - алуминиумски делови за сопирачки и гас, наслон за ногата и уште неколку детали.