Поглед во прекрасниот остров во Шведска кој е на продажба

На пазарот се појави шведскиот остров Гошарскерет кој има неколку објекти, вклучувајќи ги модерните пансиони, а се продава за 1,4 милиони долари.

Островот има песочни плажи и зелени површини, а се наоѓа на источното крајбрежје од земјата.

На островот има главна куќа, пансион, куќа на плажа и сауна. 

Од агенцијата на недвижности Sotherbys Reality, велат дека ова е идеално место за големо семејство, а може да се користи и за состаноци и конференции. Островот има прекрасно опкружување и посетителите ќе уживаат во излегувањето и заоѓањето на Сонцето.

Главната куќа се простира на 77 метри квадратни.