Поглед во прекрасниот хотел на планина во Кина

Архитектите од студиото Duoxiangjie Architectural Design во градот Пинѓијанг во Кина, го дизајнираа хотелот Eagle Rock Cliffs, кој нуди единствен поглед на светот од птичја перспектива.

Во склоп на објектот на хотелот се наоѓа базен на отворено кој е долг 122 метри, а на гостите им нуди неверојатен поглед на природните убавини со кои е опкружен.

Овој комплекс се карактеризира со едноставен дизајн и изграден е од природен материјал, oд дрво и камен.