Авто новости

Поглед во новиот луксузен автомобил Aston Martin

7. ноември 2019 - 10:53 | М.С.

Aston Martin DBX ќе биде претставен овој месец, а британската компанија откри како изгледа неговата внатрешност и колку ќе чини овој SUV.

Основната цена на моделот на Aston Martin во Германија ќе изнесува 193.500 евра.

Иако тоа се многу пари за еден кросовер, треба да се има на ум дека се работи за фантастичен автомобил со луксузно опремена внатрешност изработена од висококвалитетни материјали.

Дека во развојот на моделот DBX е вложено многу труд, покажува податокот дека компанијата помина шест месеци за да најде идеална положба која на возачот ќе му помогне да има добра прегледност.

Вниманието го привлекува централната конзола која има елегантен изглед и нуди голем простор за складирање на многу предмети.