Поглед во луксузната вила на Џејсон Стејтам

Филмската ѕвезда на акционите филмови, Џејсон Стејтам, ја продава својата луксузна вила во Малибу за неверојатни 20 милиони долари.

Малибу е позната населба во која живеат познати личности. Луксузниот имот е изграден од карактеристичен црн кедар, додека во внатрешноста има микс од ретро и модерен стил.

Вилата се простира на 360 метри квадратни, има три спални соби, голема трпезарија, кујна, голема дневна соба и неколку бањи. Има тераса со поглед и пристап до плажа.