Поглед во домот на Меган Маркл во Лос Анџелес

Куќата во Хенкок Парк, Лос Анџелес, каде Мерган Маркл живееше со претходниот сопруг Тревор Енгелсон, е ставена на продажба за 1.8 милиони долари, пишува Yahoo.

Во неа има голема дневна соба, кујна, трпезарија, четири спални соби, три бањи и градина. По свршувачката со принцот Хари во ноември, 2017 година Меган се пресели во Лондон. Парот сега живее во Виндзор, заедно со тримесечниот син Арчи.