Почнува нокаут-фазата во ЛШ: Колку е навистина силен Манчестер Јунајтед?

Вечерва, по подолга пауза, на редовната фудбалска програма се враќаат натпреварите од Лигата на шампионите. Првото коло од нокаут фазата го отвораат Манчестер Јунајтед и ПСЖ, како и Рома и Порто.

Со седнувањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед, тимот игра како препороден и се добива впечаток дека тренерската смена ги натера сите играчи да го извадат максимумот од себе. Но, вистинскиот тест допрва следува.

Во првиот натпревар од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед на домашен терен го дочекува францускиот шампион ПСЖ. Откако Солскјер пристигна во Манчестер Јунајтед, тимот забележа 10 победи на 11 натпревари и успеа да се врати помеѓу четирите најдобри тимови во Премиер лигата. Сите играчи ја подигнаа формата и Јунајтед конечно игра фудбал кој навивачите го одобруваат.

„Имаме тренер кој има различни планови и се трудиме да го направиме она што тој го бара од нас. Можеби ни е полесно да го играме овој стил на фудбал, за разлика од оној што го бараше минатиот тренер. Сега имаме поголема самодоверба и одлучност, а тоа ни помага да бидеме подобри“, изјави Ентони Марсијал пред натпреварот.

Ама предизвикот не е нималку наивен – ПСЖ е шампион на Франција и сезонава има само два порази во сите конкуренции. Сепак, во составот на ПСЖ ќе недостасуваат повеќе играчи, па можеби Јунајтед тука треба да ја препознае шансата за прогрес во следното коло. Нејмар има потешка повреда и ќе биде надвор од терените уште подолго време, додека Кавани се повреди минатата недела и ќе го пропушти овој дуел, а можеби и реваншот кој се игра наредниот месец. Ако парижаните сакаат да извадат позитивен резултат од овој дуел, ќе мора да се надеваат дека Килијан Мбапе ќе ја преземе лидерската улога во нападот, каде се и најголемите проблеми на тимот.

Во другиот дуел меѓу себе силите ќе си ги измерат Рома и Порто. Натпреварот можеби е помалку популарен од оној помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но е вистински фудбалски десерт за сите сладокусци.

Легендарниот Икер Касиљас и понатаму покажува дека е врвен голман и сезонава го предводи Порто кон нова титула во португалското првенство. Порто има многу квалитетни играчи, а помеѓу нив се издвојува Јасин Брахими, кој ќе претставува огромен проблем за одбраната на Рома по левата страна од нападот на неговиот тим. Од друга страна, Рома има тешка задача во домашната лига, каде се обидува да стигне до четвртото место за да игра во ЛШ и наредна сезона, а предизвикот наречен Порто може дополнително да ги мотивира или да ги сруши фудбалери на „римската волчица“, во зависност од исходот.

Двата натпревари почнуваат вечерва во 21:00 часот, а реваншите се играат во истиот термин на 6 март.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе