Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Легендарниот балкански музичар и текстописец од Нови Сад Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст, од компликации предизвикани од пневмонија, пренесува српски Blic.

Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника во Белград пред неколку дена. Според тогашните медиумски известувања, познатиот новосадски кантавтор беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од пневмонија.

Балашевиќ се лекувал дома повеќе од 10 дена, но неговата состојба одеднаш се влошила и бил префрлен во болницата.

Српските медиуми вчера објавија дека Балашевиќ се чувствува подобро, дека е расположен, дека разговарал со семејството и се шегувал со лекарите.

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албумот „Пуб“, Балашевиќ ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата првпат одржува концерт во Сава центарот во Белград. Насловната нумера од албумот „Celovečernji The Kid“ (издаден во 1983 година) е снимена на англиски јазик и инспирирана е од мексиканскиот фолклор. Во април 1984 го издава својот трет соло албум на кој се наоѓа можеби надобрата негова песна „Словенска“.

Започнувајќи од следниот албум „Бездан“, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка. Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум „Панта реи“ добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот.

Remote video URL

Следниот албум „Три послератна друга“ снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката. На овој албум се наоѓа и песната „Д-мол“ - една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува војната во Југославија издаден е албумот „Марим ја...“. Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.

Remote video URL

Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот „Један од оних живота“. Албумот излегува во периодот на војната и економската криза која во СР Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ претставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот режим.

По нешто подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот „На послетку“. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти. Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.

Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум „Деведесете“. Во овој албум тој јавно ги осудува настаните од претходната деценија.

Љубовните песни кои не се присутни во претходниот албум во потполност го исполнуваат албумот „Дневник старог момка“ кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име. Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе