Победниците на The Independent Photographer’s 2019

Објавени се победничките фотографии на фотонатпреварот The Independent Photographer’s кој се одржа во октомври, 2019 година.

На натпреварот пристигнаа фотографии од најразлични краишта на светот, од сите култури и граници, а фотографиите се со цел да ја откријат и прослават разноликоста на човечкиот род.

Судија на натпреварот беше Магдалена Херера, родена во Хавана во семејство на уметници. Има студирано ликовна уметност и историја на уметност на Сорбона во Париз, пред да ја започне кариерата на фотограф и уметнички директор.

Поради нејзиното искуство и поглед кон фотографијата таа редовно е барана како член во жирито на меѓународни фотонатпревари, пренесува Bored Panda.