Пилешко со ароматични зачини готово за половина час

Нема кој не јаде пилешко, а сите генерации ќе го обожаваат пилешкото подготвено на овој начин. Успева дури и кај почетници.

Можете да подготвите пилешко на милион начини. Можете да го печете на скара, да го испржите, да го сварите... Како и да одлучите да го подготвите, ќе биде вкусно, а ви предлагаме да го пробате овој рецепт за пилешко. Се подготвува брзо, а посебен вкус му дава сосот направен од ароматични зачини. Можете да послужите со пире од компири или со сезонска салата.

Потребни состојки:
  • 2 пилешки стека
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 1 шалот (вид на кромид)
  • ½ китка магдонос
  • 1 лажичка сув естрагон
  • грст власец
  • ½ чаша бело вино
  • 1 чаша пилешки булјон
  • 1 лажичка сенф (по можност Дижон)
  • 3 лажици путер
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Исечете ги стековите на две шницли, а потоа исечети ги на половина така што од еден стек ќе добиете 4 парчиња со приближно еднаква дебелина. Покријте ги со проѕирна фолија, а потоа измавајте ги со чекан за месо. Немојте премногу да ги истенчите. Зачинете го месото со сол и бибер, а потоа посипете го со брашно.

Во тава сипете масло и кога ќе се загрее додадете го месото и пропржете од двете страни. Треба да добие златна боја.

Извадете го месото во чинија, а потоа во истата тава додадете ситно сечкан шалот и изрендан лук. Потоа истурете го белото вино, па варете додека течноста малку не се намали, а потоа истурете го булјонот. Кога сосот ќе почне да врие, додадете го сенфот и промешајте. Зачинете со сол и бибер, а потоа додадете сечкан магдонос, власец и естрагон. Сè добро измешајте и додадете путер, па варете додека не се растопи. Послужете го месото со пире од компири и прелијте го со сосот.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе