Peugeot E-Legend Concept е автомобил излезен од најлудите соништа

Кога ќе ви речат да го издвоите автомобилот од вашите соништа, тоа обично е некој Mercedes, можеби Ferrari, Lamborghini или Porshе. Но, тоа набрзо ќе се промени, посебно откако ќе видите што ви нуди Peugeot E-Legend Concept.

Ваков неверојатен автомобил добиваме шанса да видиме еднаш во деценија, но овојпат Peugeot навистина успеа да нѐ воодушеви и да го подигне стандардот до многу, многу висока граница. Peugeot E-Legend засега е само концепт, но она што има да го понуди го прави доволно интересен за да го следиме во чекор неговиот развој од концепт кон автомобил во сериско производство.