Петровска: Безбедносната состојба е стабилна, ќе одговориме соодветно ако бидат побарани наши војници

Нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз нас од безбедносен аспект. Засега не се регистрирани упади од аспект на хибридни закани или какви било посериозни дејствување, но повеќе институции во државата кои се задолжени дневно известуваат и се справуваат со некои помали облици на такви појави.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по презентацијата на новиот интерен систем за управување со јавните набавки во Министерство за одбрана.

– Во однос на хибридни закани, РС Македонија како дел од НАТО, но и генерално како држава на Балканот континуирано се наоѓа под некаков притисок или потенцијална закана, изјави Петровска.

Додаде дека една од големите клучни придобивки од членството во НАТО е што РС Македонија има капацитети да ја гарантира сопствената безбедност, но и е дел од колективниот систем за безбедност на Алијансата.

На новинарско прашање кои се причините за протерувањето на руските дипломати и дали се поврзани со безбедноста на државата, министерката Петровска нагласи дека МНР е надлежно да реагира на информациите што ги добива безбедносно – разузнавачките служби.

– Се работи за случај кога е прекрешена Виенската конвенција за однесување на дипломатите во нашата држава. Што значи дека тие со своите постапку на некаков начин ги прекршиле, ги пречекориле своите овластувања, рече министерката за одбрана.

Одговарајќи на новинарско прашање за сигурноста и безбедноста на информациите што се разменуваат со сојузниците од НАТО, министерката Петровска појасни дека размената на информации што ги добиваат и ги враќаат назад преку системот накомуникација на НАТО каналите е безбеден и се работи за систем менаџиран и управуван од НАТО структурите.

Прашана во врска испраќањето на наши трупи во Источното крило во НАТО, прашање за што било дискутирано во Брисел, за каков вид опрема и што е побарано од нашата држава, Петровска децидна дека не се работи за испраќање војници од македонската Армија, туку за потребата за зајакнување на источното крило на НАТО, кое се спроведува од сите 30 сојузници. Земјите кои се определени каде ќе се зголеми присуството на НАТО силите, информира, се Бугарија, Романија, Полска и Унгарија.

– Тоа се прави согласно плановите за распоредување на НАТО, во кое РС Македонија не е вклучена затоа што тие се правени до 2016 година, но заради зголемениот ангажман ќе биде очигледна потребата и на вклучување на нашата држава. Но, одлука за такво дополнително вклучување се уште немаме донесено, ниту сме се произнеле како држава. Со оглед на динамиката на терен ако такво нешто конкретно е побарано од нас, ние ќе одговориме соодветно, изјави министерката за одбрана Петровска.

Во однос на тоа дали сме подготвени, таа потенцира дека Армијата секогаш е подготвена да одговори на предизвиците кои се од нејзиниот делокруг на работење

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе