Љубов и секс

Пет причини поради кои се јавува еректилна дисфункција

1. ноември 2019 - 17:15 | М.С.

Милион мажи ширум светот страдаат од еректилна дисфункција во некој период од животот.

Воглавно, оваа појава се врзува за староста, но еректилната дисфункција сè почесто се јавува како последица на физичка и психолошка состојба.

Ова се неколку причини зошто се јавува ова пореметување:

Медицинска состојба

Одредени состојби како што се срцеви заболувања, често можат да бидат причина за еректилна дисфункција. Симптомите можат да се појават и порано поради кардиоваскуларни проблеми како што е атеросклерозата. Освен тоа, причина за еректилната дисфункција може да биде и дијабетес, хронично заболување на бубрезите и мултиплекс склероза.

Емоции

Проблемите во врската можат да бидат причина за проблеми во брачната постела. Депресијата, анксиозностa, ниската самодоверба, чувство на вина и страв од сексуален неуспех се фактори кои влијаат на ерекцијата.

Таблети

Определени лекови можат да ја отежнат ерекцијата, како што се антидепресиви или таблети за крвен притисок. Овие лекови го зголемуваат ризикот за еректилна дисфункција.

Животни одлуки

Пушењето, пијалоците или дрогата ја зголемуваат шансата за проблеми со пенисот. Меѓутоа, консумирање на намирници полни со флавонид, како што е боровницата, можат да го намалат ризикот од појава на еректилна дисфункција.

Физички повреди

Повреди во долниот дел од телото можат да предизвикаат и дисфункција на ерекцијата.

Дури до 47% од мажи не бараат професионална помош за овој проблем, покажува едно истражување.