ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Пет екипи обезбедија нокаут-фаза во Лига Европа

Севиља со максимален ефект го осигура првото место во својата група, а пласман во шестнаестинафиналето обезбедија и Базел, Селтик, Еспањол и Манчестер Јунајтед. На чекор се и Арсенал и Брага.

На синоќешните натпревари имаше неколку изненадувања, а најголемото го приреди белгиски Гент кој на гости успеа да го совлада бундеслигашот Волфсбург. Иако на полувреме губеше со 1:0, Гент во вториот дел за 26 минути постигна три гола преку Роман Јаремчук, Лоран Депоатр и Мишел Нгадо-Нгаџу.

Лацио во последните моменти од натпреварот фрли сѐ на една карта барајќи гол за победа, но офанзивата во судиското надополнување ги чинеше контра на Селтик и молк на „Олимпико“. Претходно римјаните поведоа преку Чиро Имобиле, израмни Џејмс Форест, а победничкиот гол беше дело на Оливје Нчам на асистенција на Одсон Едуар.

Гол за победа во судиското надополнување постигна и Борусија во Менхенгладбах против Рома. Факундо Фасио со автогол ги донесе Германците во водство, а потоа истиот играч се изваде постигнувајќи гол за израмнување. Маркус Тјурам во 95-тата минута ги испрати Италијанците дома со пораз.

Порто гостуваше во Глазгов кај Ренџерс и си замнина со пораз. Два гола постигнати за пет минути од 69-тата до 73-тата преку Алфредо Морелос и Стивен Дејвис донесоа радост за тимот на Стивен Џерард.

За разлика од гостувањето во Белград, Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ немаше проблеми со Партизан. Убедливата победа од 3:0 ја најави Мејсон Гринвуд, погоди и Антоан Марсјал, а точка стави Маркус Рашфорд.

Еспањол го понижи бугарскиот претставник Лудогорец победувајќи го со 6:0. Сите голови ги постигнаа различни фудбалери: Оскар Мелендо, Љуис Мармол, Матијас Варгас, Виктор Кампусано, Адрија Педроса и Факундо Перејра. Бугарите од 12-тата минута беа со играч помалку, а од 35-тата со два.

Севиља имаше лесна задфача на гости кај луксембуршкиот претставник Дуделанж и уште на полувреме со 0:4 ја осигура победата. На крајот славеше со 2:5, Мунас Дабур постигна два, додека Мунир Ел Хадади хет-трик. За домаќините два гола постигна Даниел Синани, Македонец-Горанец од Косово кој игра и за репрезентацијата на Луксембург.

Базел со 2:1 го победи Хетафе и обезбеди пласман во наредната фаза. Артур донесе водство, Шпанците израмнија преку Хаиме Мата од пенал, а потоа Фабијан Фрај донесе радост за Швајцарците.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе