Македонија

Палео или кето: Која диета е подобра?

8. ноември 2019 - 14:32 | М.С.

Кето и палео диетите се најпопуларни во последно време. Нивната сличност се однесува на тоа дека го ограничуваат внесот на некои од вашите омилени намирници. Но, од која диета ќе изгубите повеќе килограми?

Постојат разлики помеѓу овие две диети кои треба да ги знаете. Ви препорачуваме да побарате совет од нитриционист пред да започнете со посебен режим на исхрана.

Што е палео диета?

Палео диетата се базира на проучување на исхраната на нашите прапредци од периодот на палеолитот. Тоа значи дека ќе морате да заборавите на млечните производи, рафинираните шеќери, житариците и маслиновото масло. Месото и јајцата се најважни компоненти на палео диетата, а можете да јадете и овошје, зеленчук, риба ореви и семки.

Што е кето диета?

Како и палео, и кето диетата го ограничува внесот на јаглехидратите. Но, кето диетата го доведува телото во состојба на кетоза, кога вашето тело ги користи мастите наместо јаглехидратите. 

Кога вашето тело ќе влезе во состојба на кетоза, мастите патуваат низ црниот дроб и создаваат киселини кои се нарекуваат кетони, кои влегуваат во вашиот крвоток и го претвораат во енергија.

За разлика од палео, кето диетата ги ограничува јаглехидратите, дури и од водата. Имено, за да вашето тело влезе во состојба на кетоза, треба да добива од маснотиите.

Која диета е порестриктивна?

Палео диета: Сите житарици и млечни производи, рафиниран шеќер и конзервирана храна се забранети кога сте на палео исхрана.

Сигурно се прашувате што ви преостанува да јадете: месо, зеленлук, јаткасти плодови, јајца, кокосово масло, авокадо и маслиново масло.

Кето диета: доколку мислите дека палео е рестриктивна, кето диетата е уште построг режим на исхрана.

Може да внесувате само 10% јаглехидрати, а тоа значи дека може да јадете само ограничена количина и здрава храна која содржи природни шеќери. Значи, дозволениот внес на јаглехидрати во текот на денот е само 29 грама.

Која ќе ви помогне да слабеете:

Палео: нема гаранција дека ќе ослабете. Во оваа диета се консумираат јаткасти плодови и треба да внимавате за да не добиете вишок килограми.

Кето: се губат повеќе килограми затоа што јадeте помалку.

Сепак, подобра е палео диетата затоа што вклучува овошје, зеленчук и протеини.