Откриено како легендарната „Street Fighter“ ги мамела играчите

„Street Fighter II: World Warrior“ е една од најпопуларните видеоигри на сите времиња. Позната е по тоа што е прилично тешка, а јутуберот desk откри како компјутерот во оваа игра ги мамел играчите и тоа на повеќе начини.

Второто продолжение од култната „Street Fighter“ излезе во 1991 година за флипери, а по година дена и за Nintendo. Продадени беа повеќе од 14 милиони примероци, што е одличен податок со оглед на тоа што се работи за почетокот на 90-тите.

Големо внимание привлече објавата на desk кој открива дека играта мамела. Имено, на видеото покажува како ликовите кои ги контролира компјутерот можат накратко да станат неуништливи. Брзо се опоравувале кога станувале „смрзнати“, а за дел од секунда можеле да направат потези за кои на играчите им биле потребни цели две секунди. Компјутерот исто така побрзо ги внесувал контролите отколку што човекот би можел да ги внесе. И за крај, можел да изведува потези кои играчите не можеле да ги блокираат.

Сето ова и тоа како ги фрустрираше играчите, нормално, без тие да знаат за што всушност се работи, па сепак не влијаеше на успехот на играта. И ден денес „Street Fighter“ е и тоа како популарна игра во некои делови од светот, а играчите ги имаат истите контроли како и пред 18 години. Сето тоа е најмногу благодарение на успехот на „Street Fighter II“.

Доколку некоја од денешните игра доживее иста судбина веројатно би предизвикала бес кај целата гејмерска интернет заедница, а производителот би морал да ги правда своите постапки. Меѓутоа, порано играчите беа поинакви и можеа да се помират со фактот дека не можат да ја победат играта. Денес такво сценарио веројатно не би било возможно.

реклама

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе