Осум голови на македонските интернационалци викендов

Тричковски и Махмудов стрелаа по двапати, деби со гол на Муслиу, Ристовски, Јаховиќ и Ѓорѓев по еднаш ја тресеа противничката мрежа, додека Тодоровски асистираше.

Албанија
Благоја Тодоровски забележа асистенција во победата на неговата Теута над Луфтетари со 3:1. Тој во 30-тата минута му асистираше на Црногорецот Никач кој погоди за 1:0. Тодоровски одигра цел натпревар.

(на 0:27)

Ерменија
Денис Махмудов постигна два гола во победата од 4:1 на неговиот Пјуник над Јереван. Прво во 9-тата минута го отвори резултатот со убав гол од слободен удар, а потоа на три минути пред паузата зголеми на 3:0.

(првиот гол е на 0:46, вториот на 4:03)

Кипар
Иван Тричковски беше творец на победата на АЕК на гости кај Пафос постигнувајќи ги двата гола. Прво во 61-вата минута Тричко изнуди пенал откако еден домашен дефанзивец со рака го блокираше неговиот удар, а нашиот интернационалец успешно го реализираше ударот од белата точка. И вториот гол го постигна од пенал, овој пат во третата минута од судиското надополнување. Тричко го одигра целиот натпревар, а неговиот соиграч Даниел Мојсов не беше во тимот.

(првиот гол е на 3:15, вториот на 6:22)

Словачка
Милан Ристовски ѝ донесе бод нa Нитра на гостувањето кај Тренчин. Неговиот тим губеше со 2:1 кога Ристовски погоди во 57-мата минута. Одигра 84 минути бидејќи пред крајот беше заменет.

 

 

Турција
Адис Јаховиќ одигра цел натпревар во поразот на неговата Малатијаспор пред своите гледачи од Аланијаспор. Тимот на Адис губеше 0:3 на полувреме, а во вториот дел постигна два гола неуспевајќи да даде и трет за реми. Токму Јаховиќ во 57-мата минута беше творец на голот за 2:3.

 

 

Унгарија
Висар Муслиу го одигра својот деби натпревар за Фехервар, а дури и постигна гол. Во 41-вата минута Муслиу во негов препознатлив стил со глава ја затресе гостиската мрежа отворајќи го резултатот. Го одигра целиот меч, неговиот тим славеше со 3:0, а 90 минути одигра и неговиот соиграч Бобан Николов.

(на 4:05)

Швајцарија
Никола Ѓорѓев во 55-тата минута му донесе водство од 2:1 на Грасхоперс на тешкото гостување кај Вадуц. Во судиското надополнување беше повлечен од игра по што неговиот тим прими гол за реми.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе