Успехот на компанијата Apple најчесто се поврзува со Стив Џобс и неговата визија, но таа компанија веројатно не би остварила таков успех без другиот основач, Стив Вознијак.
Вознијак заедно со Џобс го основа Apple, но веќе подолго време не е дел од таа компанија. За Bloomberg тој отворено откри неколку интересни детали за промените во Apple и транзицијата низ која мина компанијата.
Последниот квартал годинава покажа одлични продажни резултати за AirPods слушалките и Apple Watch часовниците, а токму тој паметен часовник се покажа како најомилен гаџет и најдобро хардвер парче за Вознијак.
Иако не ги користи сите опции кои часовникот ги нуди, како што се следење на здравјето и фитнес активности, Вознијак напомнува дека часовникот нуди и други можности. Особено ги истакнува услугите како Apple Pay и Apple Wallet. Тој вели дека не сака да биде зависник од неговиот телефон, па во секојдневната работа користи Mac и Apple Watch.
Смета дека технолошките компании станале преголеми и премногу моќни, како и дека на корисниците не им даваат избор додека Apple се издвојува како компанија која се грижи за нејзините корисници бидејќи не заработува пари од следење луѓе и кршење на нивната приватност, туку од продажба на квалитетни производи.
Коментирај