Според податоците од 2.080 избирачки места за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87% од гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека од вкупно запишани 1.096. 219 гласачи на овие избирачки места гласале 141.087 гласачи односно 12,87%.
Најголем одѕив за претседателските избори има во Пробиштип 27,85%, а најмал е одѕивот во Липково 1,76%.
„Може да се забележи дека во Источна и Централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на претседателските избори отколку во Западна Македонија каде што процентот е многу низок“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
До 11 часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите за парламентарните избори од 1.976 избирачки места. Од вкупно запишани 1.030.092 гласачи на овие избирачки места гласале 140.990 граѓани. Одѕивот е 13,69%. Најголем одѕив на парламентарните избори има во Кривогаштани 28,38%, а најмал е одѕивот во Врапчиште 5,2%о.
Претседателот Даштевски речe дека споредено со парламентарните избори во 2020 година на денешните избори има зголемување на одѕивот од 2,69%.