Од модна писта во парламент: Осум убавици кои станаа политичарки

Дали убавината може да го спаси светот? Sputnik одбра 8 убавици кои станале политичарки и активистки за човекови права.

Меѓу нив се Марија Василевич, поранешна мис Белорусија која стана најмлад член на парламентот. Мара Карфагна, поранешна италијанска министерка за еднакви можности, во 1997 година заврши на петтото место за Мис Италија натпреварот.

Јунис Елизабет Ослен, мис на Сингапур во 2000 година и член на парламентот во 2004 година. Кајан Алдорино од Гибралтар стана Мис на светот во 2009 година. Од 2017 година до 2019 беше градоначалничка на Гибралтар, откако од 2014 година беше заменик на градоначалникот.

Тове Лил Лојте беше мис Норвешка во 2007 година, а потоа стана лидер на Норвешката прогресивна партија на младинската организација.

Рускиот модел Ксенија Сукинова стана Мис Русија во 2007 година, а потоа и член на комората за животна средина. Викторија Лопјрева стана Мис Русија во 2003 година и амбасадорка на ФИФА Светскиот куп 2018 во Русија.

Оскана Федорова стана Мис Русија во 2001 година и мис Универзум во 2002 година, а потоа и амбасадор на УНИЦЕФ.