Обвинение за 29-годишен скопјанец кој украл возило и нападнал полицајци

Скопје, 18 октомври 2019 (МИА) – По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 29-годишен скопјанец, кој се товари дека сторило кривични дела  – тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

-Обвинетиот 29-годишен скопјанец делата ги сторил на 21 јули, кога забележал две лица, оштетениот и неговата сопруга, како го паркираат нивното  возило марка БМВ Х5 наспроти ТЦ „Мавровка“ во Скопје и се оддалечуваат. Во тој момент, обвинетиот со погоден предмет – калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога сторителот со возилото се приближил до првата раскрсница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат обвинетиот. Но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, тој продолжил да управува со возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако дознале дека обвинетиот заедно со украденото возило се наоѓа во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило Шкода Јети и вклучени ротациски светла, се упатиле кон него. Го пресретнале и се обиделе да му го попречат натамошното движење, го сопреле возилото и се обиделе да го извадат обвинетиот надвор.  Притоа обвинетиот најпрвин со возилото во движење удрил во полициското возило, за потоа и физички со опасно орудие – боксирач со бодеж да ги нападне двајцата полицајци и да им нанесе телесни повреди. Во акцијата за совладување на сега обвинетиот се придружило и трето службено лице полицаец, по што тој бил приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка.

Надлежниот јавен обвинител заедно со обвинителниот акт до Основниот кривичен суд Скопје доставил посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, бидејќи ценел дека постои опасност од бегство, дека е можно осомничениот да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува постапката со влијание врз сведоци.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе