Филм & ТВ

Објавени се првите фотографии од „John Wick: Chapter 3“

20. декември 2018 - 15:22 | А.С.

Кијану Ривс изминатава година ја помина во снимање сцени со опасни каскадерски елементи, а сега конечно се објавени првите фотографии од долго очекуваното продолжение на акциониот трилер - „ John Wick: Chapter 3“.

На дел од фотографиите Ривс (54) стои на улица додека истура дожд, а на други е со колешката од филмот Хали Бери (52) во пустина.

Третото продолжение на трилерот се снимаше на улиците на Бруклин и Менхетн.

„Третото поглавје е буквално поврзано со второто и почнува со тоа дека Џон Вик е во бегство. Оттука почнува лудилото“, рече Ривс за филмот.

„John Wick: Chapter 3“ е во режија на Чед Стахелски кој работеше со Кијанѕ во филмовите „The Matrix“.

Премиерата на филмот е закажана за 16 мај, 2019 година.