Објавен трејлерот за GTA 6: Познати се првите детали, ќе пристигне во 2025 година

На видео сервисот YouTube е објавен првиот трејлер од долгоочекуваната игрица „Grand Theft Auto 6“.

Официјалното објавување на трејлерот беше најавено за 5 декември во 15:00 часот по Гринич, но планот на Rockstar Games пропадна откако клипот „протече“ и се појави на социјалната мрежа X.

Иако профилот што го објави клипот набрзо беше суспендиран, трејлерот собра голем број прегледи, па Rockstar немаше причина повеќе да чека. Првиот официјален поглед на игрицата GTA 6 се појави околу полноќ на YouTube каналот на компанијата, а премиерата ја следеа десетици илјади корисници. По еден час вееќе имаше милиони прегледи.

Remote video URL

Трејлерот потврди голем број мали детали кои наизменично се појавуваа за игрицата во изминатите две години, вклучително и поставката Vice City, како и првиот женски протагонист заедно со машки лик во популарната серија со елементи на приказната инспирирани од Бони и Клајд.

Во трејлерот е потврдено дека игрицата ќе излезе во 2025 година, но не е прецизирано за кои платформи ќе биде достапна.

Протекувањето на трејлерот не е прв ваков случај поврзан со „GTA 6“. На почетокот на годинава беше утврдено дека тинејџер од Велика Британија е одговорен за минатогодишното објавување на 90 снимки од развојниот процес на игрицата.

Дополнително, оваа недела на TikTok се појави видео од игрицата, наводно објавено од дете на вработен во Rockstar.

Потсетуваме, „GTA V“ излезе во септември 2013 година, па чекањето за шестката трае веќе подолго од една деценија.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе