Филм & ТВ

Објавен првиот трејлер за „Black Widow“ со Скарлет Јохансон

3. декември 2019 - 13:54 | Б.С.Б.

Marvel го објави првиот трејлер за најновиот филмски спектакл „Black Widow“, со Скарлет Јохансон во главната улога како Наташа Романоф.

Филмот ги следи настаните кои претходат на приказната за „Avengers“ и е првиот филм од така наречената Фаза четири на Marvel.

Во останатите улоги се појавуваат Самуел Л. Џексон и Џереми Ранер. Премиерата на филмот е закажана на 1 мај 2020 година.