Објавен нов трејлер за „Lady and the Tramp“
Disney објави нов, втор трејлер за римејкот на „Lady and the Tramp“, во кој гласовите ги позајмуваат Џастин Теро, Сем Елиот и Теса Томпсон. Премиерата е закажана за 12 ноември.
Во новиот трејлер акцентот е поставен на Лејди и доаѓањето на новиот член на семејството, запознавањето со Лулу и страшната реченица: „Кога ќе дојде бебето, кучето ќе си оди“. Уличните авантури на Лејди ја носат во непознатото, на патување на кое не е сама.