Останати спортови

Нуњез ја најави одбраната на титулата „облечена“ само во УФЦ појаси

5. ноември 2019 - 20:31 | А.С.

Бразилката Аманда Нуњез (31) ја искористи приликата пред петтата одбрана на титулата УФЦ првак во бантам категорија, да позира со освоените шампионски појаси. Само со нив.

Аманда на 14 декември ќе се бори на УФЦ 245 против Холанѓанката Жермејн де Рандами која веќе ја има совладано пред шест години.

На фотографијата што Нуњез ја објави на Instagram таа позира разголена, покриена со два појаса: едниот за титулата во перолесна категорија што не ја бранеше откако беше воведен новиот појас, како и новиот кој го доби по неодамнешната победа против Холи Холм.

Изборот на промотивна фотографија ги подели фановите – некои сметаат дека е секси, други дека е непотребно вулгарна.