Нозе од милион долари

Латино ѕвездата Џенифер Лопез направи бренд од своето име, а исто така добро го осигура секој дел од нејзиното прекрасно тело и заработува од тоа.

Се проценува дека актерката и пејачка која летово наполни 50 години, денес „вреди“ 360 милиони долари, а освен заработката од концерти и актерски хонорари, таа на сметка добива пари за комерцијална употреба на секој дел од нејзиното тело.

Само задникот ѝ е осигуран на 27 милиони долари, а секоја минута во реклама во која се појавуваат нејзините нозе чини еден милион долари. Модните брендови ѝ плаќаат 200 до 500 илјади долари за да прошета на црвениот тепих во нивна креација.