Новите лаптопи на Intel ќе бидат ѕверови: 9+ часа батерија, 12. генерација Core процесор, 5G и fullHD камера

Intel Evo е спецификацијата на овој производител на чипови, која гарантира премиум искуство на секој што користи кој било од Evo уредите. Објавена е третата генерација од овие спецификации и мораме да признаеме дека новите компјутери ќе бидат ѕверски.

Со најавата за 12-та генерација на мобилни процесори Intel ги претстави и спецификациите на 3. генерација Evo уреди за лаптопи, флексибилни и десктоп компјутери. Како што порано лаптопите мораа да исполнуваат одредени барања за да се нарекуваат Ultrabooks, сега сертификацијата Intel Evo гарантира дека уредите се усогласени со барањата поставени од производителот на чипови.

Повеќето од барањата што ги пропиша Intel се само подобрувања во однос на спецификациите на 2. генерација на Evo. На пример, лаптопот Intel Evo мора да има автономија на батерија која во реални услови издржува користење од 9 часа или повеќе, да се буди за помалку од 1 секунда и за половина часовно полнење да обезбеди доволно батерија за работа од 4 часа.

Акцент на секојдневните работи

Покрај горенаведеното, Intel Evo сега обезбедува одговор за 25 секојдневни операции и воведува 4 нови технологии кои ги подобруваат видео-конференциите.

Кога станува збор за техничките барања, сите уреди мора да имаат процесори од 12-та генерација на Intel, Intel Wi-Fi 6E, 5G и fullHD или подобра камера. Технологиите ќе ги вклучуваат Intel Connectivity Performance Suite, Dynamic Background Noise Suppressing и Intel Visual Sensing Controller.

Еве како треба да изгледа еден таков уред:

Поврзани уреди

Уредите на Intel Evo ќе ви овозможат да враќате повици од телефонот на вашиот лаптоп, со можност за лесно споделување податоци помеѓу уредите и различните интерфејси, сѐ додека уредите се поврзани.

Уредите со флексибилни екрани сега се важен дел од екосистемот Evo, а според спецификациите, за да можат да ја носат значката Intel Evo, потребен им е QHD флексибилен екран на допир поголем од 16 инчи, како и посебна Bluetooth тастатура како додаток.

Покрај лаптопите, десктоп компјутерите и уредите со флексибилен екран, брендот Intel Evo вклучува и периферни уреди. За нив е важно да имаат Thunderbolt конекција и брзо будење, како и брзо полнење. Алтернативно, овие уреди можат да користат Bluetooth за спарување и имаат можност лесно да се префрлаат од компјутер на телефон и обратно (слушалки). На крајот на краиштата, погледнете како Intel го смисли концептот Evo:

Remote video URL

Intel досега објави дека работи со 150 партнери и планира да претстави над 100 Intel Evo различни примери за дизајн, вклучувајќи го и Lenovo Yoga 9i со 12-та генерација Intel Core-P процесори. Како и со Ultrabook концептот, со Evo сертификација Intel планира да изгради препознатлив бренд на уреди од кои корисниците знаат што да очекуваат, а досега им оди одлично.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Хардвер

Новиот iPad Pro на Apple донесе големи подобрувања

Read more

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more
 

Гик

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе