Компанијата LG на IFA саемот во Берлин ќе го претстави наследникот на смартфонот G8, а тоа е G8X.
IFA саемот се одржува во септември во Берлин во Германија, а LG ќе го искористи за претставување на смартфонот G8X, првиот телефон со сензор за прст на екранот.
Сензорот за прст вметнат на екранот е голема промена за LG кој сега ќе има три различни методи на отклучување на телефонот, 3D камера за скенирање на лице и скенирање на дланка кое е екслузивна опција за G8.
G8X најверојатно нема да ја содржи Crystal Sound OLED технологијата, туку во горниот дел од телефонот ќе има класичен звучник. LG G8X ќе има Snapdragon 856 процесор а останатите спецификации сè уште не се познати.