Нови тензии: Русија заплени бродови со 80 Севернокорејци, има повредени

Руската Крајбрежна стража соопшти дека запленила два севернокорејски брода на кои има повеќе од 80 членови на екипажот.

Русија тврди дека бродовите биле користени за нелегално рибарење во близина на руските брегови и дека еден од бродовите „упатил вооружен напад“.

Тројца припадници на руската Крајбрежна стража се повредени во судирот.

Северна Кореја уште нема излезено со соопштение за инцидентот, но руското Министерство за надворешни работи изрази „сериозна загриженост“ и го свика највисокиот дипломат на земјата во Русија.

Портпарол на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) изјави дека двата рибарски брода биле опкружени со 11 моторни чамци откако биле фатени во незаконско ловење риби во близина на Јамато, што се наоѓа меѓу Корејскиот Полуостров, Русија и Јапонија.

Русија вели дека бродовите и екипажот биле фатени во нејзината Ексклузивна економска зона што се протега на 370 километри од нејзиниот брег.

Запленетите бродови се носат во пристаништето Находка, пренесе новинската агенција Interfax, наведувајќи извори од ФСБ.

Ова не е прв случај двете земји да имале ваков тип на судир во регионот.

Северна Кореја има запленувано руски бродови. Во јули годинава севернокорејските служби запленија руски рибарски брод.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе