Филм & ТВ

Новата серија „See“ со Џејсон Момоа e еден од адутите на Apple+

12. септември 2019 - 9:42 | М.С.

Apple+ го претстави трејлерот за првата серија „See“ која ќе биде достапна од 1 ноември кога сервисот започнува со работа.

Авторот на серијата „See“ е Стивен Најт кој е познат по популарната серија „Peaky Blinders“, а режијата ја потпишува Френсис Лоренс.

Во главната улога ќе го гледаме Џејсон Момоа, кој ќе го глуми Бабу Вос, борец и водич на племето од далечната иднина.

Тој е татко на близнаци кои во светот во кој луѓето го изгубиле видот, тие сè уште гледаат. Затоа тој треба да го заштити своето племе од злобната кралица која смета дека тие се вештери.

Освен оваа серија, на Apple + ќе бидат достапни сериите „The Morning Show", „For All Mankind", „Dickinson", „The Elephant Queen", „Helpters", „Snoopy in Space" и „Ghostwriter".

Сервисот ќе биде достапен за 100 земји, а месечната претплата ќе изнесува 4,99 долари.