Тенис

Нова титула за Лина Ѓорческа

1. декември 2019 - 11:33 | МИА

Анталија, 1 декември 2019 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја оправда фаворитската улога во Анталија и ја освои титулата на турнирот на кој учествуваше неделава.

Ѓорческа беше прва носителка на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари, а кој се играше на тврда подлога. Во финалето, македонската тенисерка беше подобра од Оона Орпана од Финска со 2:1 или 6-4, 6-7 и 6-1 по сетови.

Лина можеше ова финале да го заврши и порано, но во вториот сет при 5-4 и 40:30, испушти меч-топка. Сепак, иако во тај-брејк го загуби вториот сет, Ѓорческа во третиот сет беше доминантна, поведе со 5:0 и ги реши сите дилеми.