Нова снимка открива досега невидени детали за „Титаник“

Нова снимка, со висока резолуција 8К, ги прикажува остатоците од „Титаник“ за првпат по бродоломот пред 110 години.

На видеото што го објави организацијата OceanGate Expeditions може да се види трупот на бродот, но и некои нови „вонредни детали“, како што наведоа.

Како што знаеме, во 1912 година, „Титаник“ тргна на своето прво патување преку Атлантикот, од Велика Британија до Њујорк, кога удри во голема санта мраз. Од 2.200 патници и членови на екипажот, преживеале само 712.

Рој Голден, нуркач и експерт за „Титаник“, изјави дека благодарение на новото видео може да се видат детали од бродот кои досега не се видени.

„На пример, никогаш не сум го видел името на луѓето кои го направија сидрото - Noah Hingley & Sons Ltd. Го проучував потонатиот брод со децении и имав бројни нуркања, но не можам да се сетам на снимка што била толку детална“, тој рече.

Можете да ги видите лакот, сидрото, трупот број еден, огромниот синџир за сидрото, секоја алка тежи околу 100 килограми, товарниот простор...

Забележливо е драматичното влошување на бродот, особено на места каде што одредени делови се срушени и одвоени од пловилото.

Организацијата OceanGate објави дека со помош на слики со висока резолуција ќе може да го следи натамошното влошување на бродот.

„Со помош на научниците, видеото ќе може да ги идентификува видовите кои постојат на и околу Титаник, а археолозите ќе можат многу подетално да ги документираат елементите на потонатиот брод“, велат тие.

На Титаник му се заканува уште едно уништување

На човештвото му беа потребни дури 73 години за да го пронајде „Титаник“ по бродоломот во 1912 година, а заслугата за тоа ја имаше Роберт Балард, океанограф од Универзитетот во Род Ајленд, кој случајно го пронашол потонатиот брод додека барал две потонати нуклеарни подморници. На општо задоволство на неговиот научен тим, „Титаник“ се наоѓал помеѓу двете подморници, на 3,8 километри под површината на морето, во темнина, под силен притисок на водата. Бродот во тоа време бил исклучително добро сочуван.

Само шест години подоцна, тим на научници од Халифакс, Нова Шкотска забележале наслаги на 'рѓа слични на мразулци на бродот. Откако биле проучувани уште малку под микроскоп, било откриено дека се полни со живот. Станува збор за бактеријата Halomonas titanicae - грам-негативна протеобактерија која е најсреќна кога на менито има железо.

„Титаник“ беше рај за овие микроби, па во 2011 година научниците рекоа дека на останките им остануваат уште 20 години пред целосно да исчезнат.

Распаѓањето на потонатиот брод им прави проблеми и на научниците од споменатата организација. Научните проекции проценуваат дека бактериите од дното на океанот ќе предизвикаат остатоците целосно да исчезнат во рок од 30 години.

Затоа, пред две години, за да го забрзаат истражувањето отворија повик за купување места заедно со екипажи од експерти во мисиите на „Титаник“. Желбата беше да се обезбедат финансиски средства од богатите туристи, што ќе им овозможи да продолжат со документирање на распаѓањето на потонатиот брод населен со морска фауна.

Трошоците за учество во мисијата беа најмалку 125.000 долари.

Бактериите направија дупки на трупот на бродот и уништија неколку ѕидови, изложувајќи ги ходниците и внатрешноста на некогаш најголемиот брод изграден од човек.

До денес, само 200 луѓе се спуштиле на 3.000 метри длабочина и ги виделе остатоците од бродот. Претходните снимки покажуваат влошување на бројни делови од бродот, местото каде за првпат е видена сантата мраз и оградата на која се залепиле патниците на Титаник додека го гледале океанот на фаталното патување од Саутемптон до Њујорк.

Виктор Весково, еден од истражувачите кои учествуваа во спуштањата до бродот во 2019 година, изјави за магазинот Time: „Потонатиот брод е изложен на силни струи и солена вода таму 107 години, па не е прашање дали, туку кога океанот целосно ќе го уништи бродот“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе