Нова книга за Трамп тврди дека неговиот брак со Меланија е лажен

Шпекулациите за мистериозната прва дама на САД постојат откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември, 2016 година. Сега, темата стана уште поактуелна по објавувањето на нова книга во која авторот тврди дека бракот меѓу Доналд и Меланија е лажен, односно дека таа живее одвоен живот, пренесува Yahoo.

Пишувањата за „лажна Меланија“, долг и необјаснет престој во болница и сличните инциденти во новата книга се сметаат за симптоми на лажен брак. Најновата книга на Мајкл Волф, автор на „ Fire and Fury: Inside the Trump White House“, вели дека Трамп има брак кој се одвива само пред камери.

Книгата не е добро прифатена во јавноста, но и од политичарите. Повеќето критичари сметаат дека книгата има грешки кои го загрозуваат кредибилитетот на авторот.

Трамп сè уште нема одговор за тврдењата во книгата, но првата книга на Волф претходно ја опиша како „лажна книга напишана од ментално нестабилен автор, кој свесно пишува лажни информации“.

Книгата „Siege: Trump Under Fire“ е објавена на почетокот на месецов и во неа е произнесено тврдење дека првата дама на САД не само што не сакала да стапне во Белата куќа туку и дека среќно си води раздвоен живот од нејзиниот сопруг, договор кој сосема му одговара на претседателот.

„Никогаш не видов ниту еден доказ за брак“, вели Стив Бенон, поранешен советник и директор на претседателската кампања во 2016 година. Тој додава дека Меланија ретко кога влијаела со некаква одлука.

Книгата ги повторува старите гласини дека Трамп и Меланија имаат одвоени спални соби и дека интеракциите меѓу нив се минимални. Сега Волф тврди дека првата дама намерно го одложувала преселувањето во Белата куќа, тврдејќи дека нејзиниот син треба да ја заврши годината на школување во Њујорк.

„На Меланија ѝ беа потребни скоро 6 месеци за официјално да се пресели од Њујорк во Вашингтон, но тоа беше само игра“, тврди Волф во книгата.

Тука е и онлајн теоријата на заговор дека првата дама често е заменувана во јавноста со двојничка. Сепак, најголема реакција предизвикаа тврдењата на Сторми Даниелс, порно-ѕвездата која тврдеше дека имала сексуална врска со американскиот претседател.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе