ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Нова година - нов клуб: Милан Ристовски од Словачка се пресели во Чешка

Филип Здравески
/ 02.01.2024 / 11:26

Македонскиот репрезентативен напаѓач новата 2024 година ја почна со нов клуб и нова, посилна лига.

Спартак од Трнава е веќе минато за Милан Ристовски кој отсега ќе ги брани боите за Бохемианс 1905 од чешкиот главен град Прага. По неполни 3 години во Трнава, Ристовски си замина оставајќи зад себе 113 натпревари во дресот на Спартак на кои постигна 21 гол, направи 5 асистенции, но заработи и 13 жолти картони.

Трансферот на 25-годишниот македонски репрезентативец го потврдија и двата клуба, но без да се спомнува сумата за отштета која Чесите ја платиле. Не се знае ниту должината на договорот, освен што потпишал „повеќегодишен договор“.

„Во Бохемка доаѓа репрезентативецот на Македонија Милан Ристовски. Трансфер од Спартак Трнава“, објави неговиот нов клуб која информираше и дека поради семејни причини Македонецот наредната недела ќе му се приклучи на клубот на тренинзи.

„Ристо, благодариме за сѐ“, кратко се зборуваше Спартак.

Чешката лига е доста поквалитетна од словачката, па овој трансфер е чекор напред за Ристовски. Но, тимот на Бохемианс досега негуваше стил на игра со само еден напаѓач, па останува да видиме дали помалиот брат на поранешниот македонски капитен ќе се избори за првотимски статус.

Ристовски за Македонија досег има собрано 22 натпревара и постигнато 4 гола.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more
 

Спорт

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе