Новата функција Link History е вклучена автоматски, поради што некои корисници веќе пријавија дека Facebook апликацијата исфрла досадни поп-ап известувања.
Facebook воведе нова опција во својата мобилна апликација, која следи кои страници ги посетил корисникот во претходните 30 дена. Новата функција се нарекува Link History и е достапна во верзиите на апликацијата за Android и iOS.
Иако е опционална, новата функција се вклучува по дифолт, т.е. автоматски. Поради ова, некои корисници веќе пријавија дека Facebook апликацијата им исфрла скокачки известувања со кои ги информира за историјата на посети на одредена врска, но им дава и опција да ја исклучат оваа опција.
Сепак, иако историјата на посети може да биде корисна кога треба повторно да посетите претходно посетената врска, (и) овде, на стариот добар начин на Facebook и Meta, постои квака со (зло)употребата на приватноста на корисниците.
„Можете во секое време да изберете да ја исклучите Link History. Кога опцијата е активирана, секоја врска на која ќе кликнете во апликацијата или ќе ја посетите во мобилниот прелистувач на Facebook ќе се зачува 30 дена“, се вели на страницата за поддршка на корисници на Facebook. Новата опција, сепак, не вклучува или собира линкови од разговорите на Messenger.
Сепак, учејќи од претходните искуства со апликациите на Meta, корисниците почнаа да изразуваат загриженост за приватноста на нивните FB сметки. Имено, Facebook може да ја користи историјата на посети со цел да испраќа насочени реклами до корисниците на своите платформи.
Затоа, ако сакате да ја исклучите оваа поставка, треба да отворите која било врска во апликацијата. Потоа треба да го стартувате мобилниот прелистувач на Facebook, да го допрете менито со три точки и потоа да ја изберете опцијата Go to settings, а потоа Browser settings. За да ја деактивирате оваа опција, поместете го налево лизгачот Allow Link History.
Кога ќе го направите ова, Facebook, како што наведува Meta, веднаш ќе ја избрише вашата историја на посетени линкови и повеќе нема да ја користи за насочено рекламирање. Сепак, може да потрае до 90 дена за вашата листа со линкови да биде целосно избришана.